„Земјоделските остатоци како текстилна суровина и дизајн-материјал во општина Кочани“

Page 1

„Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“

Издавач: Македонско Модно Здружение и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности „Одоната“

Главен уредник: Светлана Богова Јовановска

Графички дизајн: Јана Марковска

Илустрација: Давид Јосифов

Текст: Емилија Петрова

Едукативните активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е, проект поддржан од владата на Швајцарија и имплементиран од Хелветас.

Оваа публикација е објавена како дел од проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани”, кој се спроведува во рамки на „Регионалната програма за локалнадемократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на оваа публикација, како и наодите што се изнесени во неа одговорни се исклучиво Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности ОДОНАТА, Кочани и Македонското модно здружение, Скопје и на никаков начин не ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната (Одоната) и Македонското модно Здружение (ММЗ) ги поддржуваат вредностите на македонското културно наследство и традицијата, инкорпоријајќи ги во своите проекти со иновативен и со современ пристап. Преку проектот

„Земјоделските остатоци како

текстилна и дизајн

суровина во општина

Кочани“

создадовме енергична заедница во полето на дизајнот, модата и занаетчиството, ја (пре)обликувавме улогата на културата во општеството, и ги промовиравме принципите за одржливоста.

Околу дваесетина млади учесници имаа можност да учествуваат во искористувањето на потенцијалот на земјоделскиот отпад и нивните остатоци како алтернативна суровина во производството и дизајнот. Младите работеа со поканети уметници, врсници, технолози, земјоделци, волонтери од заедницата и други личности кои беа од голема важност за исполнувањето на овој проект. Активностите на проектот воспоставија корисен водич од голема важност за да ги развијат неопходните вештини за понатамошен професионален развој и за истражување во областа на циркуларната економија.

Учениците завршија одлични уметнички програми и се здобија со големи придобивки. Освен што учесниците поминаа теоретски и практични обуки и добија отворени можности да работат со модни професионалци, се потрудивме за промоција на земјоделието и оризот во Кочани, како и негова поширока употреба. Оризовата слама и оризовата арпа беа главни атрибути во нашата програма каде што научивме бројни начини за максимално

искористување на

оризовиот отпад во

Сите овие иницијативи, покрај сѐ останато, се поттикнати и од желбата за заштита на животната средина, поддршка на малцински групи и промовирање

домашни проекти коишто придонесуваат кон европските вредности и перспективи. Наша цел е позитивно да извлијаеме и придонесеме на што повеќе полиња во општеството. Дел од едукативните активности беа поддржани и од Образованието за вработување во Северна Македонија - E4E, проект поддржан од владата на Швајцарија.

модната
дизајнерската
и
индустрија.

Како дел од едукативната програма на проектот „Земјоделските остатоци како текстилна суровина и дизајн-материјал во општина Кочани“, младите учесници ја посетија „БМФ” фабриката за ориз во с. Зрновци. Со цел детално да се разгледа производството на ориз и процесот на собирање на неговиот отпад, организаторите направија успешна обиколка во фабриката. За време на обуката, учениците се спознаа со важни информации за што се користат оризовата арпа/слама и начинот на нивна преработка, третман и краен продукт.

Оризот е една од примарните житни култури што се одгледува во општина Кочани. Согласно статистичките податоци, оризот се одгледува на површина од 2 877 хектари, на коишто се произведувааат 17 000 тони нелупен ориз. Со оглед на тоа дека околу 40 % од количината на произведениот нелупен ориз отпаѓа на лушпата, се проценува дека

годишната количина на арпа изнесува околу 6 800 тони. Овие податоци се однесуваат само на оризовата арпа, не земајќи ја предвид произведената слама која по хектар изнесува околу 2 тона.

Со самата употреба на оваа оризова слама која е достапна во изобилство, на разновидни начини може да се искористи во модната и дизајнерската индустрија. Со нејзината употреба ќе се намалат и согорувањата на оризовата слама на полињата и воедно ќе се намали загадувањето и опасните закани кон животната средина.

Посетата во оваа фабрика, дополнително го зајакна знаењето нaмладите и

создаде нови хоризонти во нивното креативно размислување. Благодарение на современата програма за истражување и стручната обука за младите лица, воспоставува плодна соработка помеѓу образовните институции и приватниот сектор, но исто така ја развива и свесноста за важноста на животната средина, обновливите материјали, циркуларната економија и поздравата иднина.

Во процесот на подготовките за исполнување на нашиот проект поминавме низ предавања со искусни научни работници на УКИМ Земјоделскиот институт во Кочани. Учениците од гимназијата „Љупчо

Сантов" и младите дизајнери присуствуваа на двете различни предавања

предводени од ас. м-р Иво Митрушев и ас. м-р Бранкица Спасева.

Професорот Иво Митрушев држеше предавање на тема практикум

нов

живот за

од оризот.

Во него опфати лекции за тоа какви сè истражувања можат да се спроведат и нивните очекувања, употреба на оризовата слама како ткаенина, употреба на оризовите трици како суровина за восок итн. Исто така се разговараше за потенцијалот на оризовата лушпа како суровина за хартија, амбалажа, термоизолациони материјали и друго.

Со професорката Благица Спасева поминавме тематики како што се значењето на оризот како житарица, колкаво е производството на ориз во светот и кај нас, условите за негово одгледување, какви видови на ориз имаме во Македонија, каква доработка ѝ е потребна на арпата и кои сè

споредни производи произлегуваат од оризот со негова примена во различни индустрии.

биоотпадот

Преку овие предавања успеавме да ја подигнеме свеста за потенцијалот на биоотпадот од ориз и низ кои сè фази поминува оризот од сеидба до жетва, негова употреба и употреба на други материјали од природно потекло. На

кој начин можат да се употребат оризовата слама и арпата наместо да се

горат и други иновативни начини со што се спречува загадување на отпадните води, рационално користење на обновливи извори, употреба на природна изолација и др.

Ваквата теоретска настава им поставува одлична основа на учениците, а подоцна за време на работилниците теоријата ја применуваат во пракса. Токму тогаш, младите ја разбираат важноста на потенцијалот на обновливите материјали и употребата на биоотпадот во најразлични индустрии како поттик за циркуларната економија и поздрава животна средина.

Ирина Тошева е позната модна дизајнерка, со желба да направи промени преку модата, да овозможи квалитет, придонесе во економијата, екологијата и хармонијата во општеството. Па така, една од првите работилници коишто ги изработивме со неа беше

„Текстил, мода и

животна средина“.

Благодарение на нашата врвна ментрока, за време на проектот учениците успеаја да се спознаат со новата Шибори техника на бојадисување.

Главна задача беше текстилот да го обиме со Шибори техниката која се смета за едно од најстарите техники за бојадисување во Јапонија којашто датира уште од VII век. Терминот „шибори“ значи „стискање, вртење, притискање“. Најчесто ткаенината се извртува, превиткува, шие или врзува со помош на врвци, ленти, стеги итн., со што самиот материјал потоа добива нијанси во дадената боја.

За таа цел избравме одржлив памук и еко бои од арпа, кромид и куркума.

Ирина Тошева даде одличен вовед за Шибори и начинот на којшто се работи. Секој учесник доби свој материјал и засебна техника за боење, со што крајниот продукт беше целосно автентичен и уникатен на свој посебен начин.

Само некој месец подоцна, се одржаа уште две последователни работилници. Учениците од ОУ „Малина Попиванова“ од Кочани, за време на втората работилница успеаја да научат нешто ново и да го надоградат

веќе стекнатото знаење.

Како ментор на работилницата, Ирина Тошева ги запозна младите со создавање креации од рециклиран материјал. Наредно, учениците ткаеја на развој сопствени ткаенини со текстилен и оризов отпад, односно оризова слама. Потоа, според теоретската настава од минатата работилница, учесниците веќе беа запознаени со шибори техниката на боење, па само уште еднаш ги зацврстија и покажаа знаењата за одржливото бојадисување. Вештините на шибори техниката ги покажаа и на своерачно направените ткаенини од оризов отпад и добија сопствена одржлива креација.

Еден од главните застапници на проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“ се одговорните на Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности „Одоната“.

Викторија Митева и Орхан Ќамил беа дел од менторските редови на работилниците со младите учесници на кои им покажаа нови техники и начини за

изработка на креации

од

одржлива природа.

За време на првата работилница со Орхан Ќамил, академски уметник, беше изработена хартија од 50 % оризово брашно и 50 % рециклирана хартија. Со додавање на органски пигменти потоа го бојадисувавме продуктот. Со помош на други рециклирани материјали, како што е сувото цвеќе, одредувавме разнолика структура на хартијата.

Покрај оризовата хартија, започнавме и со првите чекори на уметничките предмети. Под печатарска преса обликувавме ситно машински обработена оризова лушпа и слама, користејќи природно лепило од оризово брашно. Па така, хартијата беше изработена од 30% оризово брашно, 30% оризова слама, 30% оризова арпа и 10% органски адитиви.

Веќе на втората работилница се додаваа течни пигменти и суви билки за декорација и бојадисување на хартијата, се изработуваа релјефи, ламби и сталаци за свеќи од оризова лупка, оризово брашно и бел гипс. Орхан Ќамил е дипломиран графички техничар и академски уметник кој живее и работи во Кочани. Освен графичките техники, работи во полето на сликарството, мурал, скулптура, театар и сценографија. Истражува околу зачувувањето на животната средина и природниот биодиверзитет. Освен како ментор на работилниците, беше и проектен координатор на проектот.

.

Викторија Митева, која работи како визуелна уметница, за време на првата работилница беше менторка на учениците кои изработуваа кружни калапи за седишта на столчиња и им даваше насоки за создавање на смеса од оризова арпа, оризова слама и oрганско лепило. Овие седишта за столчиња се наменети за деца од 2-4 години.

Седиштата потоа беа поставени на дрвени подлоги со алуминиумски ногарки, кои учениците ги декорираа и

естетски ги надополнија. Бидејќи смесата за седишта на столчиња е тврда и доста издржлива, според

димензијата на столчињата дополнително се шиеја перничиња од текстил

кои учениците ги полнеа со оризова арпа. На работилницата беше демонстриран процесот на изработка на Нори лепак (лепак кој се користи во јапонската култура) и се изработува од 2 состојки: оризово брашно и вода. За време на втората работилница, се работеше со нов вид на смеса која содржи ситно обработена оризова арпа, пченкарен скроб и вода. Оваа смеса содржи слични квалитети и обликувачки својства како глината. Учениците полнеа калапи во разни форми и полукружни садови од кои потоа изработија продукт – детска ламба со мотиви од процесот на култивирање на оризот. Исто така, учениците изработија смеса за изработка на основа за маса која содржи оризова арпа, органско лепило и цемент. Основата за масата учениците ја декорираа со декоративни камчиња и истата дополнително е монтирана на ногарки за маса изработени од дрво и алуминиум.

Викторија Митева е визуелна уметница која твори во полето на сликарството, конзервација и реставрација, мурал, мека скулптура, инсталација и видео-инсталација. Истражува околу традиционалните и современтите практики на природните и органски пигменти, применувајќи ги истите во сликарството. Освен менторските насоки, Викторија работеше и како менаџер на проектот.

Во истиот состав од 11 учесника, заедно со Викторија Митева и Орхан Ќамил од Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности „ОДОНАТА“ и секако со нашиот предводник на керамичката работилница Марија Јошевска, отпочнавме одработка на вазнички во гимназијата „Љупчо Сантов“ во Кочани.

Марија Јошевска, од Битола, го отпочна својот мал бизнис за иновативни еко-свеќи од восок од соја. Освен восокот од соја, своите изработки ги прави и од восок од кокос, како еден од најбараните еко-восоци. Со својата иновација

придонесе во

Македонија.

Како ментор на „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“ ни помогна да направиме калапи за вазни од 3Д принтери. Садовите ги направивме од бетон кој е одржлив градежен материјал - обезбедува енергетска ефикасност, долг животен циклус, пониски трошоци и отпорност на природни и вештачки катастрофи. Во својата сурова состојба, бетонот во прав е еколошки и за животната средина. Иако бетонот не е биоразградлив, може да се рециклира. Тоа значи дека одново може да се употребува во неодреден временски период.

зголемувањето на бројот на еко-бизниси и во

Садовите ги наполнивме со восок од

соја кој не испушта штетни хемикалии (парафин), е целосно обновлив ресурс

и во него има квалитетни концентрирани и неразредени

етерични миризливи масла коишто не содржат алкохол. Восокот од соја е

растителен восок направен од масло

од соја. По бербата се чисти, се вади и

се витка во снегулки. Маслото потоа се

извлекува од снегулките и се

хидрогенизира, а остатоците од

снегулките се користат за добиточна храна. Користевме и дрвени фитили

кои не горат толку брзо како памучните.

Овие

беа целосно

подготвени за истражување на нови техники и солуции околу концептите за зачувување на животната средина и наоѓање нови, иновативни и еколошки

начини за творење и создавање уметност. Со употребата на обновливи

извори во најразлични индустрии, градиме капацитети, професионални вештини и го јакнеме образованието

кај младите.

мали ентузијаисти

Групата учесници на нашиот проект „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“ продолжија со активностите во ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани.

Менторот на следната работилница беше добро познатата Анита Гај, графички и индустриски дизајнер, илустратор, арт директор како и основач на брендот „Lotus Lounge Chair“. Нејзиното долгогодишно искуство го преточивме во работилница која имаше за цел да им покаже на младите ученици како одржливите материјали можат да се употребат како креација на еко вреќи за седење.

Работилницата започна со одлична и едукативна теоретска настава каде што учесниците добија визија за тоа зошто „Lotus Lounge Chair“ се залага за креации од одржливи материјали и кое е нивното влијание. Се отворија дискусии на најразлични теми, од тоа како новата генерација да се насочува во своите размислувања за нови дизајнерски идеи, до тоа како истите да бидат воедно здрави за нашата околина.

Во наредната етапа направивме три еко вреќи за седење. Како материјали за навлака искористивме лен, а одвнатре ги наполнивме со оризова лушпа и слама. Она што беше важно е да им покажеме на учесниците

уште еден начин за тоа како можеме да ги искористиме природните материјали, односно во овој случај оризовиот отпад, во дизајнерското производство. Освен што

исто така се удобни и одлично се вклопуваат со внатрешниот дизајн на секаков тип просторија.

И секако, успеавме да направиме одлична модерна линија, но најважно од сè е тоа што учесниците дополнително развија нови креативни вештини за понатамошно дизајнерско образование и кариера. Важноста на циркуларната економија станува сè поголема и поголема, па токму затоа овие работилници влеваат иницијатива, идеи и желба кај младите да поработат на своите вештини, што ќе доведе до заштита на животната средина.

креациите се одлични и одржливи за циркуларната економија,

Ученици: Драгана Трифунова, Ангела Кралева, Ана Томева, Давид Јосифов, Стефани Ѓорѓиева, Анастасија Стоименовска, Стефани Манасиева, Ана Петкова, Стефани

Стефанова, Радмила Величкова, Анастасија Миланова, Јована Малчева, Василија Ангелова, Димитар Арсов, Андреа Донева, Симеон Дојчинов, Маја Василова, Сара Едровска, Барбара Данилова, Александар Стоименов, Мила Костадинова, Марија Митева, Теа Иванова, Елеонора Китанова, Мелани Захариева, Горица Јанева, Тамара Јосифова, Филип

Димитријев, Василија Јосифова, Даниел Каров, Кристина Крстова, Викторија Горгиева, Симон Иванчевски

Ментори: Анита Гајтановска, Ирина Тошева, Марија Јошевска, Викторија Митева, Орхан Ќамилов, Ирене Пурасачит, Љубиша Савески

ПР Менаџер: Емилија Петрова

Mлади дизајнери: Мила Спасовска, Ангела Спасовска, Мирјана Јосифовска

Фабрика „БМФ” – Зрновци [благодарност за волонтирање и помагање при наоѓање на

материјали за работа од оризови остатоци: оризова арпа, оризова слама, оризово брашно]

УКИМ Земјоделски институт, Кочани: ас. м-р Бранкица Спасева и ас. м-р Иво Митрушев ОПШТИНА КОЧАНИ

Манифестација „Денови на кочанскиот ориз” Мултикултурен центар – Кочани ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ ВО КОЧАНИ – Здружение на граѓани, г-дин Зоран Тодоров

СОУ „Љупчо Сантов”- Кочани: директор на училиштето, Љубомир Гацов, проф. Благица

Андова Николова

ОУ „Малина Попиванова – Кочани: директор на училиштето, Благој Петров Насловна страница: Давид Јосифов

Кочани, 2023

Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.